Registration

TRANSFORMATION – Modernist Architectural Heritage

In the second half of the 20th century in Macedonia, after the catastrophic earthquake in Skopje in 1963, a major renewal and reconstruction of the city took place, resulting in a combination of modernist and brutalist buildings of various purposes, many of which became icons of that time. Currently, they all are in different states, some in better or worse condition, some functional, but due to irregular maintenance and preservation, and the encroaching effects of nature, some of them are abandoned.

Are we aware of the significance and influence of these structures? Can everyone recognize the value of this architecture or is specific knowledge needed to understand it? Does one need a trained eye to appreciate modernist architecture, or can anyone evaluate and understand it? How do individuals perceive and evaluate this architecture in their own context?

Due to the apparent lack of appreciation and maintenance, individuals, groups of citizens, students, organizations, emerge here, who through their own initiatives and actions contribute to revitalizing and attempting to make this architecture notable to the wider public, and attempt to revive it.
In what ways do individuals actively participate in revitalizing these structures through their initiatives and activism, and what influence do they have on public awareness of the importance of this architecture? How do they make it visible and notable, and how effective are their efforts in creating a conscious and active urban space?

ТРАНСФОРМАЦИЈА – Модернистичко Архитектонско Наследство 

Во втората половина на 20тиот век во Македонија, после катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, се случува голема обнова и реконструкција на градот, со што се создава комбинација од модернистички и бруталистички згради од најразлична намена, од кои голем број претставуваат икони за тоа време. Моментално сите се наоѓаат во различна состојба, помалку или повеќе добра или лоша, дел се функционални, но поради нередовното тековно одржување и зачувување, и природата која си го прави своето, некои од нив се запуштени.

Дали сме свесни за значењето и влијанието на овие објекти? Може ли секој еден да ја препознае вредноста на оваа архитектура или потребно е специфично знаење за нејзино разбирање? Дали треба да се има истренирано око за гледање на модернистичката архитектура или може било кој да ја вреднува и разбира? Како поединците гледаат и ја вреднуваат оваа архитектура во својот контекст?

Поради очигледното недоволно вреднување и одржување, тука се појавуваат поединци, група на граѓани, студенти, организации, кои преку свои сопствени иницијативи и акции, допринесуваат за заживување и обид за правење на оваа архитектура забележлива од пошироката јавност и обид истата да се реанимира.

На кои начини поединците активно учествуваат во оживувањето на овие објекти преку своите иницијативи и активизам, и какво влијание имаат врз свеста на јавноста за значењето на оваа архитектура? Како ја прават повидлива и забележлива, како и колку се ефективни нивните напори во создавање на посвесен и активен градски простор?

Ana Bojadjievska

Curator and moderator

Ana Bojadjievska is BIG SEE Coordinator in N. Macedonia, editor and curator, who explores creative potential in Southeast Europe.

Ана Бојаџиевска

Kуратор и модератор

Ана Бојаџиевска е BIG SEE координатор во С. Македонија, уредник и куратор, која го истражува креативниот потенцијал во Југоисточна Европа.

Ana Ivanovska Deskova

Dr. Ana Ivanovska Deskova is an Associate Professor at the Department for Protection of Cultural Heritage, History of Architecture and Art at the Faculty of Architecture, University Ss. Cyril and Methodius in Skopje. She holds a Master of Science and PhD from the same institution. She teaches the History of Modern Architecture and courses related to the Protection and rehabilitation of Cultural Heritage. Her main research interest is the modern architecture in Skopje, especially the reconstruction of Skopje after the earthquake in 1963. She is the author of numerous research projects and exhibitions on architecture. Among others: „Atlas of the Macedonian Modern Architecture”, held in 2022 at Youth Cultural Center in Skopje; “The Role of the Women Architects in the post-earthquake Renewal of Skopje” held in 2022 in the Museum of North Macedonia in Skopje, “Future as a Project – Doxiadis in Skopje”, held in 2018 in Benaki Museum, Athens, Greece, “Skopje – Architecture in the Macedonian Context”, held in Ringturm gallery, Vienna, Austria (2017), “Constructing a Modernist Utopia: The Architecture of The Post-Earthquake Renewal of Skopje, 1963-1981”, held in Gallery MC, New York City, USA (2017). In 2008 and 2014 she was one of the authors of the Macedonian National Pavilion at the Venice Biennale of Architecture. From 2016 to 2018, she was a member of the curatorial advisory board for the Museum of Modern Art in New York, for the 2018 exhibition ‘Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948–1980’.

Ана Ивановска Дескова

Ана Ивановска Дескова е вонреден професор на Институтот за заштита на градителско наследство, историја на архитектурата и уметност на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Таа предава историја на модерната архитектура и предмети поврзани со заштита и рехабилитација на градителското наследство. Нејзин главен истражувачки интерес е модерната архитектура во Скопје, особено обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година.
Автор е на бројни истражувачки проекти и архитектонски изложби, меѓу другите и: „Атлас на македонската модерна архитектура“, одржан во 2022 година во Младинскиот културен центар во Скопје; „Улогата на жените архитектки во постземјотресното обновување на Скопје“ одржана во 2022 година во Музејот на Македонија во Скопје, „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“, одржана во 2018 година во музејот Бенаки, Атина, Грција, „Скопје – Архитектурата во македонскиот контекст“, одржана во галеријата Рингтурм, Виена, Австрија (2017), „Изградба на модернистичка утопија: Архитектурата на постземјотресната обнова на Скопје, 1963-1981 година“, одржана во Галерија МЦ, Њујорк, САД (2017).
Во 2008 и 2014 година таа е еден од авторите на Македонскиот национален павилјон на Архитектонското биенале во Венеција. Од 2016 до 2018 година, Ана Ивановска Дескова е член на кураторскиот советодавен одбор за Музејот на модерна уметност во Њујорк, за изложбата „Кон конкретна утопија: Архитектура во Југославија, 1948–1980“ од 2018 година.

Irina Tosheva

Irina Tosheva is a Macedonian fashion designer who, since embarking on her journey in 2012, has consistently challenged the conventional boundaries of the fashion industry. Her diverse portfolio harnesses the transformative power of fashion to support diversity, promote equality, and harmonize the economy, ecology, and society.

Irina teams up with non-profits and uses creative ways to spark positive changes in public opinion, often initiating important societal debates. Her fashion collection and shows go beyond mere aesthetics; they feature marginalized groups and uniting artists, craftsmen, and various local industries. These approaches are central to her creative activism, fostering a sense of unity and empowerment. She’s also at the forefront of guiding her country towards a circular economy. Irina encourages people to buy less and use their clothes for longer. She leads by example, and mentors young designers, so sustainability and circularity will become the core of their work. Recognized for her outstanding contributions Irina Tosheva received the Young Leaders for the Sustainable Development Goals Award in 2019, the Green Ideas national win in 2021, and the Best Sustainable Fashion Award at Expo2023 in Doha, Qatar.

Ирина Тошева

Ирина Тошева е македонска модна дизајнерка која, од почетоците на својата работа во 2012 година, постојано ги предизвикува конвенционалните граници на модната индустрија. Нејзиното разновидно портфолио ја прикажува трансформативната моќ на модата за поддршка на различностите, промовирање на еднаквоста и хармонијата меѓу економијата, екологијата и општеството.

Ирина соработува со различни организации и користи креативни начини предизвикувајќи позитивни промени во јавното мислење, често иницирајќи и важни дебати во општеството. Нејзините колекции и ревии не се само естетска облека, туку вклучуваат и маргинализирани групи на ралични основи и обединуваат уметници, занаетчии и различни локални индустрии. Овие пристапи се нејзин креативен активизам, поттикнувајќи чувство на единство и зајакнување. Таа е исто така и во „првите редови“ во водењето на нејзината земја кон циркуларна економија. Ирина ги поттикнува луѓето да купуваат помалку и поквалитетно, и да ја користат својата облека подолго. Таа води со пример и ги менторира младите дизајнери, така што одржливоста и цирклураноста ќе станат срж на нивната работа. Нејзиниот исклучителен придонес е признаен со наградата „Предводници на Целите за одржлив развој“ во 2019, националната победа на натпреварот „Зелени идеи“ во 2021 и наградата за најдобра одржлива мода на Експо2023 во Доха, Катар.

Mila Gavrilovska

Mila Gavrilovska is a master’s student at the Faculty of Architecture in Skopje and also a practising photographer. She has taken part in architectural exhibitions and projects. She has an interest in documentary and architectural photography with focus on modernist architecture. Her photographs have been a part of variety of projects and exhibitions, with the latest focusing on documentation of modernist buildings in Skopje which was published on Architectuul. She has photographed more than 50 buildings that are a part of the modernist architectural heritage of Skopje.

Мила Гавриловска

Мила Гавриловска е студент по архитектура на Архитектонскиот факултет во Скопје, а воедно и фотограф. Била дел од неколку архитектонски изложби и проекти. Таа има интерес за документарна и архитектонска фотографија со фокус на модернистичката архитектура. Нејзините фотографии биле дел од различни проекти и изложби, а најновиот проект е фокусиран на документација на модернистичките градби во Скопје и е објавен на Architectuul. Таа има фотографирано повеќе од 50 објекти кои се дел од модернистичкото архитектонско наследство на Скопје.

Filip Jovanovski

Filip Jovanovski graduated from the Faculty of Architecture at UKIM – Skopje in 2010, and received his master’s degree from the Faculty of Fine Arts UKIM-Skopje in 2019 with the project “If Buildings Would Speak”.

With his pronounced interdisciplinary approach, Jovanovski explores different media and their interdisciplinary connection – architecture, visual art, theater, video, film and spatial installations. The most common means of artistic expression are spatial-architectural visual interventions in public space. He explores artistic expression and potential in the field of scenography, so far creating about 30 scenographies, and he also expresses himself in the field of poster, video and graphic design. Jovanovski had over 15 solo exhibitions and presentations in the country and abroad, and participated in over 40 group exhibitions.

Филип Јовановски

Филип Јовановски, дипломирал на архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје во 2010 година, а магистрира на факултетот за ликовни уметности УКИМ-Скопје, во 2019 година со проектот „Кога зградите би зборувале”.
Јовановски со неговиот изразен интердисциплинарен пристап, истражува различни медиуми и нивната интердисциплинарна конекција – архитектура, визуелна уметност, театар, видео, филм и просторни инсталации. Најчесто уметничко изразно средство се просторните-архитектонски визуелни интервенции во јавен простор. Тој ја истражува уметничката изразност и потенцијал и во областа на сценографијата, досега создавајќи околу 30 сценографии, а се изразува и во областа на плакатот, видеото и графичкиот дизајн. Јовановски имал над 15 самостојни изложби и претставувања во земјава и во странство, и учествувал во над 40 групни изложби.

Venue

Audio kultura

Helsinki 13, Skopje
https://audiokultura.mk/audiobar/
Google maps

Partners

Ministry of Culture, Republic of Slovenia

www.gov.si

Registration